Limak Skopje Luxury Hotel ја носи автентичната храна и музика од Босфорот во центарот на Скопје

од Vladimir Zorba
188 прегледи

Од 30. ноември до 3. декември 2022 година, Limak Skopje Luxury Hotel ќе биде домаќин на исклучително интересен настан наречен „Автентичниот вкус на турската кујна“, чија амбиција е преку спој од оригинални гастрономски специјалитети и традиционална музика, да се пренесе оригиналната атмосфера на Босфорот овде, во центарот на Скопје.

За автентичноста на настанот ќе се погрижат врвни готвачи кои за оваа прилика специјално ќе допатуваат од Турција. Тие ќе подготвуваат разновидни турски специјалитети по традиционални рецепти и состојки кои потекнуваат директно од Анадолија, Кападокија и централна Турција.
Гостите на настанот ќе можат да пробаат различни традиционални предјадења, како што се мезиња, ќофтиња, хумус, имам бајалди и салати, како што е познатата хајдари крем салата со традиционално сирење и шакшука – салата од модар патлиџан, пиперка и домат. Од главните јадења ќе бидат понудени: зачинето јагнешко (кавурма), пилав, булгур, мантии со јагнешко месо, супа од леќа, пиде, лахмаџун, печено јагнешко и телешко месо, пилешко на скара, полнети модри патлиџани со телешко месо (карнијарик) и други специјалитети, а трпезата ќе биде збогатена и со голем број традиционални десерти како што се: баклава, кадаиф, шеќерпаре, сутлијач и други.

За да се долови вистинската атмосфера на Босфорот, храната ќе се послужува во автентични садови, со традиционални декорации и изглед, а настанот ќе биде збогатен со турски чалгии во живо.

Во периодот од 30.11.2022 до 3.12.2022, настанот „Автентичниот вкус на турската кујна“ ќе се одржува секој ден од 19 до 22 часот.
Повеќе информации и резервации може да се добијат во хотелот.

Слични содржини