403
Лидерот на Беса Биљал Касами денеска на прес конференција објави дека Фатмир Лимани се приклучува на Движењето Беса.
„За нас е чест и почит што еден национален деец како Фатмир Лимани, кој целиот свој живот го посвети на националната дејност, стана дел од Движењето Беса“, рече Касами.
Лимани беше независен кандидат за градоначалник на Кичево на локалните избори минатата есен.
Од Беса целат дека станува збор за крупен политички настан, поради тоа што Лимани, покрај во Кичево, каде водеше тесна борба за градоначалничката функција, има ограноци и во Скопје, Арачиново, Битола, Струга и во други места.