Лимон-пудинг од рерна: Сочен и превкусен

од Elena Daskalova
409 прегледи

Идеален рецепт за десерт за секогаш кога сакате нешто благо, но немате доволно време да се посветите на подготовката.

Состојки:

2 јајца
2 лажици брашно
2 лажици путер
3/4 од шолја шеќер (од 250 мл)
Кора од еден лимон
Сок од еден лимон
Малку кора од портокал
200 мл млеко

Подготовка:

Пенесто изматете ги путерот и шеќерот. Одделете ги белките од жолчките. Во путерот ставете ги жолчките, брашното, корите од лимон и портокал, сокот од лимон, млекото и постојано мешајте.

Настрана изматете цврст снег од белките. Измешајте го полека во смесата. Распределете ја во мали керамички садови. Во плехот за печење ставете вода, па наредете го пудингот. Печете на претходно загреана рерна на 150 степени околу 15 минути.

Слични содржини