Линдзи Лохан стана мајка, објавени името и полот на бебето

од Stefanija Kuzmanovska
324 прегледи

Откако неодамна се врати во филмската индустрија, Линдзи Лохан е полна со добри вести. Таа ужива во брачниот живот во Дубаи, а во март објави дека е бремена.

Актерката и нејзиниот сопруг Бадер Шамас објавија дека на светот пристигнал нивниот син, а на момчето му го дадоа името Луаи, што на арапски значи штит или заштитник.

Среќната вест ја потврди семејството на актерката, поточно нејзината мајка, која била пресреќна за новото внуче.

„Преплавен сум од љубов и радост! Мојот лет е денес, многу сум возбудена. Пристигна два дена порано“, изјави за People мајката на популарната актерка.

Линдзи во март ја објави бременоста, а пред неколку дена на обожавателите им покажа како ја украсила детската соба.

Слични содржини