Линии 100 и 200 до Саем на книга во СЦ „Борис Трајковски“

од Nikola Popovski
291 прегледи

ЈСП Скопје информира дека од утре, среда (4.05.2022 год) до понеделник (9.05.2022 год), во редовниот линиски превоз ќе бидат вклучени две привремени линии кои ќе сообраќаат до СЦ „Борис Трајковски“.

Станува збор за линиите 100 и 200, првата ќе сообраќа од Ново Лисиче, а втората од Дексион.

-И двете линии се воведуваат за полесен пристап на посетителите на Саем на книга 2022 год, кој ќе се одржува во СЦ „Борис Трајковски“.

Цените на автобуските билети се според официјалниот ценовник на ЈСП Скопје, а возниот ред е достапен на веб странат.

ТРАСИ НА ДВИЖЕЊЕ

ЛИНИЈА 100 (Н.Лисиче – СЦ “Борис Трајковски”)

*Улица „Февруарски поход“, булевар „В.С.Бато“, булевар „Јане Сандански“, булевар „К.Ј.Питу“, булевар „Кочо Рацин“, улица „11 Октомври“, улица „Димитрие Чуповски“, булевар „Св. Климент Охридски“, булевар „Партизански одреди“, улица „Бледски договор“, Арена „Борис Трајковски“ и обратно по истата траса

ЛИНИЈА 200 (Дексион – СЦ „Борис Трајковски”)

* Улица „Црногорска“, улица „Кузман Шапкарев“, улица „Ѓорче Петров“, булевар „Партизански одреди“, улица „Бледски договор“, СЦ „Борис Трајковски“ и обратно по истата траса, стои во соопштението од ЈСП.

Слични содржини