Linkedin треба да плати 310 милиони евра поради незаконска обработка на податоци на корисниците на ЕУ

од Vladimir Zorba
96 прегледи

Ирскиот регулатор за заштита на податоци денеска ја казни бизнис платформата Linkedin со 310 милиони евра поради незаконска обработка на лични податоци на корисници во Европската унија кои ги користела за насочено рекламирање.

Регулаторот, исто така, бара од Linkedin, компанија во сопственост на Microsoft, да ја усогласи обработката на податоците со Општата регулатива за заштита на податоците на Европската унија (GDPR).

Заменик-комесарот на ирскиот регулатор, Греам Дојл, во изјава рече дека обработката на лични податоци без соодветна правна основа претставува јасно и сериозно кршење на основното право на субјектот за заштита на податоците.

Компанијата Linkedin соопшти дека спорниот случај се однесува на 2018 година и додаде дека ќе се усогласи со европските правила во предвидениот рок, пренесува Bloomberg.

Linkedin, како и многу други големи технолошки компании, има свое европско седиште во Ирска, што значи дека локалните регулатори имаат задача да ги спроведуваат правилата на ЕУ.

Слични содржини