На 09.01.2026 во 15:15 часот полициски службеници од СВР Тетово на ул „Штипска“ во Тетово, го приведоа К.К.(44) од Тетово, кој бил баран со потерница по судска наредба за издржување на затворска казна од три години.
Тој сторил кривично дело „недозволена трговија и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
К.К. е спроведен во КПУ Идризово за издржување на казната.