Лисицата Јуп: Баерн не е меѓу најголемите фаворити во ЛШ

од Vladimir Zorba

Тренерот на Баерн Минхен, Јуп Хаjнкес не смета дека баварскиот гигант е меѓу главните фаворити за освојување на Лигата на Шампионите.

Според него со најголеми шанси се Реал Мадрид, Барселона и Пари Сен Жермен, кој беше ривал на баварскиот гигант во групите на турнирот во есен.

„Да ги предвидуваш работите е многу тешко, бидејќи има толку многу големи клубови во турнирот со големи традиции. Има пет англиски екипи кои се многу силни и тие инвестираа огромни средства во текот на летото и зимата“, коментира Дон Јуп пред вечерашниот дуел со Бешикташ.

„Реал Мадрид, Барселона и Пари Сен Жермен се најголемите фаворити и се разбира, ние сакаме да ја продолжиме традицијата. Баерн секогаш бил успешен во евротурнирите, но турнирот не е концерт по желба. Треба да си секогаш подготвен, бидејќи секој ривал е тежок. Ние веруваме во нашите квалитети до последно и тоа е позитивен знак. Баерн никогаш не се предава“.

„Кога ни се падна Бешикташ на ждребот, тој беше прогласен за најдобар од медиумите. Го проучив противникот во детали. Клучот за нивниот успех е тренерот кој изгради колектив. Тие ги освоија трите гостувања во групата и тоа е нешто што треба да не загрижува. Тие имаат поранешни играчи на Реал, Барса, Валенсија и двајца холандски репрезентативци. Тоа е силен тим со искуство“, додаде Хајнкес.

Слични содржини