Состојки:
(за 6 лица)
Тесто:
– 500 мл млеко
– 2 кесички сув квасец
– 1 лажица шеќер
– 1 кг брашно
– 250 мл масло
За премачкување:
– 250 гр путер
– 2 жолчки
Подготовка:
Во половина литар топло млеко додадете квасец и една лажица шеќер, измешајте и оставете да отстои неколку минути.
Додадете масло, малку брашно и три лажици шеќер и една полна лажичка сол.
Постојано се меша додека се додава брашно (околу 800 гр).
Површината каде што ќе го замесите тестото посипете ја со 100 гр брашно и формирајте топка што ќе ја ставите во сад подмачкан со масло со капак или алуминиумска фолија.
Вклучете ја рерната да се загрее на 50 степени и исклучете ја рерната, а потоа ставете го садот со тестото во неа еден час.
По еден час, врз подлогата истурете малку брашно и тестото поделете го на три еднакви дела.
Изматете го путерот со две жолчки и една лажица сол.
Првиот дел од тестото развлечете го и премачкајте го со третина од смесата со путер, исечете го на 12 триаголници и формирајте кифлички кои ќе ги наредите на плех – повторете ја истата постапка и со остатокот од тестото.
Подготвените кифлички треба да отстојат еден час на топло место. По еден час изматете две белки со вилушка и премачкајте ги кифличките.
Загрејте ја рерната на 200 степени и печете ги околу 20 минути.