Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, неодамна изјави дека нов, многу позаразен вид на коронавирусот се шири забрзано во Велика Британија, а во исто време, поинаков вид корона, пронајден во Јужна Африка, исто така претставува причина за загриженост.
Светската здравствена организација посочува дека нема доволно информации за да се утврди дали новиот вид влијае на ефективноста на вакцините што почнаа да им се даваат на луѓето ширум светот во декември, објави Ројтерс.
Меѓу земјите што го изолираа новиот вид е Швајцарија, која забележа пет нови случаи на инфекции со новиот вид (три од Велика Британија и два од Јужна Африка).
Данска забележала 33 инфекции со новиот вид, објавија властите на таа земја на 24 декември, а Франција го забележа првиот случај кога Французин се вратил од патување од Лондон.
Индија откри шест случаи, исто така по лет од Велика Британија, и веројатно ќе ја продолжи забраната за летови од Островот, соопштија владините претставници.
Јапонија во понеделникот откри нов вид кој е пронајден во Јужна Африка и веќе откри десетици случаи поврзани со британски вид.
Меѓу земјите кои досега го регистрираа британскиот вид се Јужна Кореја, Норвешка, Австралија, Јордан, Германија, Италија, Португалија, Финска, Шведска, Канада, Ирска, Либан, Сингапур, Израел, Хонг Конг и Пакистан.