Се повеќе европски земји ги отвораат своите граници и им ја отвораат вратата на оние гости кои имаат доказ дека примиле вакцина за коронавирус.
Земјите гладни за туристи објавија дека ги отвораат вратите за вакцинирани патници, а се шпекулира дека авиокомпаниите во иднина ќе можат да ги релаксираат своите строги правила, пишува британски Индепендент. Некои европски земји ги олабавија своите правила за оние кои имаат доказ дека ги примиле обете дози на вакцини, пишуваат на веб-страницата „Цел куфер“.
Полска
Полска го укина карантинот за патниците кои ги примиле обете дози на вакцина против коронавирус, така што посетителите кои патуваат од странство и имаат доказ за вакцината, многу полесно ќе влезат и останат во земјата. Оние кои имаат негативен тест за коронавирус 48 часа пред да ја преминат границата, исто така можат влезат без ограничувањата.
Естонија
Естонија е последната земја што нуди карантинско олеснување за патниците кои се опоравиле од болест или биле вакцинирани. Карантинот за други пристигнувања од странство, освен за некои земји со низок ризик (Бугарија, Финска, Грција, Исланд и Норвешка), трае десет дена.
„Од 1 февруари, десет дена самоизолација и тестирање на коронавирус не се задолжителни за лица кои преживеале ковид 19 и поминале помалку од шест месеци откако биле излекувани, како и за оние кои биле вакцинирани и помалку од шест месеци поминаа од тогаш “, се вели во соопштението од полско Министерство за надворешни работи.
Грузија
Од 1 февруари, вакцинираните гости можат да влезат во Грузија; сè што треба да сторат е да покажат документ што го докажува тоа на граница. Грузија првата земја што целосно ги отстрани ограничувањата за влез за вакцинирани патници – без тестирање пред поаѓање, тестирање за пристигнување и карантин.
Романија
Романија исто така објави дека патниците кои ги примиле двете дози на вакцина за коронавирус нема да мора да бидат ставени во карантин по пристигнувањето. Ова ги вклучува патниците кои доаѓаат од земји со висок епидемиолошки ризик. Ќе ви требаат најмалку 10 дена од втората доза пред да можете да влезете во Романија.
Исланд
Според исландските власти, сите оние кои презентираат важечки меѓународен сертификат за вакцинација се изземени од условите за тестирање и карантин.
Кипар
Кипар стана првата земја членка на Европската унија во декември што објави плановите за укинување на условите за влез, како што се тестирање и карантин. Сепак, планот на владата треба да стапи на сила до март.