Скарлет Јохансон е актерката со најголема заработка на сите времиња, а таа е на врвот на листата која вклучува неколку прилично познати личности од светот на филмот.
Јохансон глумеше во вкупно 33 филмови, со просечна заработка од повеќе од 440 милиони долари. На листата се вклучени и други актери кои глумеле во повеќе филмови со помала просечна заработка и оние кои глумеле во помалку филмови, но имаат повисок просек.
Интересно е што на оваа листа водат актерите кои играа улоги во филмот „Avengers: Endgame“. Заедно со Јохансон, во филмот се појавија и Роберт Дауни Џуниор, кој е на второто место, Семјуел Л. Џексон на третото место, како и Крис Хемсворт на петтото, Крис Прат на шестото и Крис Еванс на осмото место.
Кога станува збор за актерите кои не беа дел од споменатиот филм, на четврто место е Зои Салдана, чија улога во „Аватар“ придонесува за нејзината вкупна заработка, како и Том Круз на седмата, Том Хенкс на деветтата и Вин Дизел кој ги заокружува првите 10 позиции.
Списокот се однесува на актери кои ги играле главните улоги. Јохансон глумеше во многу „големи“ филмови надвор од кинематографскиот универзум на Марвел – како што е продолжението на „Црната вдовица“, вклучувајќи ги „Брачна приказна“, „Девојката со бисерната обетка“, „Вики Кристина Барселона“ итн.
Таа е можеби најпознатото име на листата, бидејќи двапати беше номинирана за Оскар, а добитник е на БАФТА за „Брачна приказна“.
Таа, исто така, пет пати беше номинирана за Златен глобус.