ЛИСТА: Цени на намирници во грчките супермаркети и ресторани

од Берта Китинска
527 прегледи

Сите зборуваат за тоа како цените во Грција нема да се променат ова лето во споредба со времето пред короната – ниту кога станува збор за аранжмани за патувања, ниту кога одите во супермаркет, седите на кафе или гиро во вашето омилено летно одморалиште.

На страниците Killdeal.gr и Grckainfo.com, ги проверивме приближните цени на кои можеме да сметаме во Грција ова лето.

Гиро (пита) 2,50 – 3,50 евра

Гирос порција 6,00 – 8,00 евра

Пица 5,00 – 12,00 евра

Кафе (во кафуле) 1,00 – 2,50 евра

Шише вода 0,50 – 1,30 евра

Топче сладолед 0,90 – 2,00 евра

Леб 0,80 – 1,30 евра

Јогурт 2,00 – 4,00

Сирење Фета 6,00 – 8,00 евра

Јајца (пакет) 1,80 – 4,00 евра

Домат 0,90 – 2,00 евра

Пиво (лименка) 0,50 – 3,00 евра

Кока кола 1,5 л – 1,59 евра

Алва – 4,9 евра

Слични содржини