Литовски за бугарските реакции за Пејчиновиќ: Провокациите се дел од големобугарската пропаганда кои не заслужуваат коментар

од Берта Китинска
307 прегледи

Канонизацијата на македонскиот просвететил Кирил Пејчиновиќ стана нова мета на бугарските провокатори.Бугарскиот професор Пламен Павлов од униерзитетот во Велико Трново смета дека чинот на канонизација за светител на Кирил Лешочки од страна на Македонската православна црква е богохулење, крадење на историјата, апсолутно кршење на билатералниот протокол меѓу Бугарија и Македонија и невидена злоупотреба на историјата.

Историчарот Александар Литовски во разговор за „Локално“ вели дека овие провокации се дел од големобугарската пропаганда посочувајќи дека „не заслужуваат коментар“.

-Треба да се престане со реакции на антимакедонските провокации од соседна Бугарија.Тие провокации се дел од големобугарската пропаганда и воопшто не заслужуваат коментар. Во тој контекст треба и да се престане со коментирање на изјавите на некои маргинални бугарски политичари и историчари, кои се македонофоби со фашистичка идеологија, подвлекува Литовски.

На бугарската Википедија пишува дека Пејчиновиќ е Бугарин,а на српската дека е Србин….за тоа дали може да бараме национално чувство во тој период кога живеел и творел Пејчиновиќ, историчарот децисно вели:

„Апсолутно не може да стане збор за национално чувство во времето кога живеел Пејчиновиќ, па затоа нема потреба од коментар за националистичките коментари и пишувања од било кого“.
Литовски посочува дека здруженијата со имињата „Цар Борис Трети“, „Иван Мијхајлов“ и клунот кој се најавува да се отвори под името „Цар Фердинан“ , се навреда и провокација за Македонците.

– Сите бугарски цареви, политичари и фашисти воделе антимакедонски политичари и именувањето на здруженија во Македонија со нивни имиња се навреда и провокација за Македонците. Главниот проблем, дури, не е во самите имиња, туку во функцијата, во целите и задачите на тие здруженија кои се во насока на негирање на македонската национална посебност и ширење на големобугарската пропаганда кон Македонија и Македонците. Таквите здруженија кои го негираат македонскиот национален индивидуалитет, македонските институции надлежни за безбедноста и заштитата на уставниот поредок треба веднаш да ги забранат, а лицата кои ги вршат тие противдржавни и антинационални дејства судски да ги процесуираат, смета тој.

Историчарите треба да се занимаваат со историјата, а политичарите со политиката

Канонизацијата на Кирил Пејчиновиќ за светител беше исклучително свечен свет настан и беше чин на негување на нашето македонко духовно и културно наследство. Тоа што некој сака да провоцира е негов проблем. Историчарите треба да се занимаваат со историјата, а политичарите ќе се занимаваат со политиката. Ова го рече премиерот Димитар Ковачевски како реплика на бугарскиот професор Пламен Павлов.

-Јас присуствував на вечерната богослужба по повод канонизацијата на Кирил Пејчиновиќ и тоа беше еден исклучително свечен свет настан на којшто присуствуваа голем број на граѓани во Лешочкиот манастир. Таму имаше граѓани од повеќе делови на државата, имаше граѓани од различна политичка провиниенција, меѓутоа и претставници на политички партии, како и четири владици… И тоа беше чин со којшто ние го негуваме нашето и духовно и културно наследство македонско. Тоа што некој сака да провоцира тоа е негов проблем. Ние точно знаеме што е нашата историја. Ние точно знаеме што е нашата култура. Ние точно знаеме што е нашиот македонски јазик сега веќе признат во целата Европска Унија. Во тоа наскоро ќе се уверат сите граѓани кога ќе го потпишеме договорот Фронтекс со ЕУ и со македонски идентитет веќе преговараме со ЕУ, нагласи Ковачевски.

Тој повтори дека комуникацијата помеѓу државите се одвива на официјално ниво помеѓу претставници на институциите, значи луѓе од политиката, меѓутоа, вели, „секогаш постојат и други интереси, други личности кои сакаат да ги нарушат односите помеѓу две држави и обично со свои изјави предизвикуваат негативни чувства и провокација”.

-Треба да бидеме смирени, бидејќи имаме многу јасна преговарачка рамка со ЕУ каде што историските прашања за коишто сега ме прашавте се дел од работата на историската комисија во која што има 14 историчари по седум од двете страни и тие историчари заедно со консензус мора да ги донесат сите решенија. Значи, не може без кој било од тие историчари што се во комисијата да се донесе кое било решение и јас на историчарите им препорачувам тие да се занимаваат со историјата, политичарите ќе се занимаваат со политиката и на тој начин ќе имаме и добри добрососедски односи и побрз напредок на државата во полноправно членство во ЕУ, истакна премиерот Ковачевски.

Б.М.

Слични содржини