Лице од црната листа на кои им беше забранет влез во Велика Британија, со воен авион пристигнаа во таа земја од Авганистан како дел од евакуацијата од аеродромот во Кабул, пренесува „Скај њуз“.
Неидентификувано лице долетало во Бирмингем, објави Скај. Нема детали што се случило со таа личност.
„Имаше луѓе во Авганистан кои претставуваа сериозна закана за националната и јавната безбедност“, рече владиниот портпарол.
„Поради оваа причина, владата спроведува детални проверки за да ги спречи оние што се осомничени дека се милитанти или претставуваат безбедносна закана да влезат во Британија“, додаде тој.
Скај објави дека висок претставник на граничната полиција им рекол на пратениците дека пет лица од црната листа се обиделе да го напуштат Авганистан со британска помош и дека четворица биле запрени. Петтото лице успеало да се пробие до Бирмингем, рече тој.