178
Парламентот на Литванија денеска едногласно го потврди прогласувањето на озлогласената руска платеничка група „Вагнер“ за терористичка организација. Во резолуцијата усвоена од парламентот се наведува дека приватната руска воена компанија, чиј основач е Евгениј Пригожин, е виновна за „систематски и тешки злосторства на агресија“ во Украина.
Минатата недела до литванскиот парламент беше предложена резолуција со која приватната армија на Пригожин, која главно се состои од затвореници регрутирани од руските затвори, се прогласува за терористичка организација.
Да потсетиме, Пригожин е близок соработник на рускиот претседател Владимир Путин.