Литванија е подготвена за руските „непријателски дејствија“, вели претседателот

од Nikola Popovski
191 прегледи

Литванскиот претседател Гитанас Науседа изјави дека неговата земја е подготвена за некаков вид на одмазда од страна на Русија, откако го забрани транзитот на одредени стоки кои се предмет на санкции на ЕУ преку нејзината територија до руската енклава Калининград.

-Подготвени сме за некаква форма на непријателска акција од страна на Русија, исклучување од системот „BRELL“ и други мерки“, изјави Науседа за Ројтерс во видеото објавено денеска. Системот „BRELL“ е електрична мрежа што ја споделуваат Русија, Белорусија и балтичките земји.

Тој рече дека не верува оти Русија воено ќе ја провоцира Литванија бидејќи е земја членка на НАТО.

Науседа ја бранеше одлуката за блокирање на транзитот на стоки, велејќи дека станува збор за спроведување мерки одлучени на ниво на ЕУ.

„Ние применуваме само санкции кои се воведени на ниво на Европската унија, а тоа нема никаква врска со билатералните односи меѓу Русија и Литванија“, рече Науседа.

„Со нетрпение ја очекуваме следната фаза на санкции и би било многу добро Европската комисија да им ја објасни содржината на санкциите на руските власти, што веројатно ќе отстрани дел од тензиите кои моментално растат“, додаде тој, предупредувајќи дека ниту една страна нема да има корист од ескалацијата на тензиите.

Претходно денеска, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека санкциите на ЕУ кои доведоа до тоа Литванија да го блокира транзитот на стоки се „апсолутно неприфатливи“. Тој нагласи дека Москва работи на „одмазднички мерки“ кои ќе бидат договор за „незаконските санкции“ на ЕУ.

Слични содржини