Литванија го протерува рускиот амбасадор и го повлекува својот од Москва

од Nikola Popovski
230 прегледи

Владите на Литванија и Летонија денеска најавија дека ќе го намалат нивото на дипломатските односи со Русија, поради настаните во Украина.

Министерот за надворешни работи на Литванија Габриелиус Ландсбергис денеска соопшти дека Владата на Литванија одлучила да го намали нивото на дипломатско претставништво со Русија и му наредила на рускиот амбасадор Алексеј Исаков да ја напушти земјата.

Тој изјави и дека амбасадорот на Литванија Евидас Бајарунас наскоро ќе ја напушти Москва, а рускиот конзулат во Клаипеда ќе биде затворен.

Литванија им ги соопшти овие одлуки на ЕУ и НАТО, барајќи од нив да го сторат истото.

Летонија најави дека ќе ги намали дипломатските односи со Русија, но дека конкретните одлуки ќе бидат објавени подоцна, изјави министерот за надворешни работи на таа земја, Едгарс Ринкевичс.

Портпаролката на руското МНР Марија Захарова изјави дека Москва наскоро ќе преземе соодветни мерки.

Слични содржини