Литванија гради челичен ѕид за да спречи влез на мигранти (ВИДЕО)

од Milan1

Литванија ги изгради првите делови од челичниот ѕид на границата со Белорусија за да го спречи приливот на мигранти од Блискиот Исток и други области кои доаѓаат од таа земја.

Полска, Литванија и Летонија, кои го обвинуваат Минск дека намерно ги поттикнува мигрантите да влезат во тие земји на Европската унија, поставија бодликава жица на одредени делови од границата со Белорусија, пренесува Танјуг.

Минатата недела Литванија почна да ги гради првите делови од челична ограда висока 3-4 метри, на врвот со бодликава жица 0,6 метри, пишува „Ројтерс“.

„Веројатно е невозможно да се изгради целосно непремостлива пречка, па мислам дека и оваа бариера може да се надмине. Сепак, за тоа ќе биде потребно многу време, па ќе можеме да реагираме“, изјави шефот на граничната стража на југот на Литванија, Виргилиус Раугале.

Литванија одвои 152 милиони евра за изградба на ѕид долг 500 километри до септември следната година.

До ѕидот ќе биде поставена бодликава жица висока три метри, како и опрема за видео надзор.

Повеќе од 4.000 мигранти влегле во Литванија од Белорусија пред август оваа година, кога земјата почна да ги враќа назад во Белорусија.

Оттогаш, 5.600 мигранти се спречени да влезат.

Слични содржини