Литванија им забрани на руските државјани да купуваат недвижен имот во таа земја

од Stefanija Kuzmanovska
181 прегледи

Парламентот на Литванија денеска одлучи да им забрани на руските државјани да купуваат недвижен имот во оваа балтичка земја, поради ризикот за националната безбедност, објави „Ројтерс“.

Забраната, која ќе важи до 2024 година, нема да важи за Русите кои добиле право на престој во таа земја.

Литванскиот парламент исто така престана да издава нови визи за државјаните на Русија и Белорусија.

Слични содржини