Литванија со забрана за транзит на руска стока до Калининград

од Nikola Popovski
251 прегледи

Литванското Министерство за надворешни работи соопшти дека Вилнус не наметнал ограничувања за транзит на стоки во регионот Калининград, туку само ги спроведувал санкциите на Европската унија.

Како што беше соопштено, Министерството за надворешни работи на Литванија одржа средба со вршителот на должноста амбасадор на Русија Сергеј Рјабокон, при што на рускиот дипломат му беше врачена нота во која ги објаснува рестриктивните мерки во однос на транзитот на стока во регионот Калининград.

– За време на средбата беше демантирана информацијата пренесена од руските претставници дека Литванија забранила транзит кон Калининградската област. Патниците и стоките кои не подлежат на режимот на санкции на ЕУ продолжуваат да се транспортираат преку територијата на Литванија до/од регионот Калининград. Во однос на овој транзит, Литванија нема воведено унилатерални, индивидуални или дополнителни ограничувања, Литванија доследно применува санкции на ЕУ, кои имаат различни преодни периоди и датуми на стапување во сила – се наведува во соопштението.

Се истакнува дека четвртиот пакет европски санкции предвидува на 17 јуни 2022 година конечно да стапат на сила рестриктивните мерки на ЕУ за увоз на челик и обоени метали во ЕУ и нивниот транспорт преку територијата на ЕУ.

Претходно, Министерството за надворешни работи на Русија соопшти дека Москва има право да реагира за да ги заштити националните интереси во случај Литванија наскоро целосно да не го обнови карго транзитот во регионот Калининград.

Слични содржини