265
Литванија за Украина купува ПВО системи НАСАМС од Норвешка, во вкупна вредност од 9,8 милиони евра и ќе ги испорача во рок од три месеци, соопшти денеска литванското министерство за одбрана.
Литванија одговори на итното барање на Украина да обезбеди помош за зајакнување на противвоздушната одбрана поради руските воздушни напади врз воени и цивилни цели, соопшти литванското министерство за одбрана, пренесува „Ројтерс“.
Како дел од литванско-норвешкиот договор, Норвешка ќе испорачува опрема за одржување на лансери за противвоздушна одбрана.