Литванската влада во средата одлучи да затвори два од шесте гранични премини со Белорусија поради „геополитичките околности“ кои произлегуваат од прифаќањето на членовите на руската платеничка група Вагнер од страна на Белорусија.
Два гранични премини, кои не се користеа за комерцијални возила, ќе бидат затворени од петок, соопшти Литванија.
Соседна Полска годинава ги затвори сите гранични премини кон Белорусија освен еден поради апсењето на новинари од полско потекло и протерувањето на полските дипломати.
Полско-белорускиот известувач Анджеј Поцобут беше осуден на осум години затвор за критичко известување за промосковскиот режим во Минск.
Полска минатата недела објави дека планира да распореди дополнителни 10.000 војници на границата со Белорусија за да им се придружат на веќе распоредените војници.
Во Полска веќе подолго време расте загриженоста за активностите на платеничката група Вагнер во Белорусија и се поголемиот број мигранти од кризните подрачја кои сакаат илегално да влезат во Европската унија преку соседната земја.
Полска минатата година со висока ограда ја обезбеди границата со Белорусија долга 418 километри, а во октомври, во исто време со парламентарните избори, ќе одржат референдум дали таа треба да се зачува.