240
Литванскиот парламент денеска ја прогласи Русија за терористичка држава.
Литванскиот парламент едногласно усвои резолуција за тоа, а за неа гласаа 128 пратеници, пишува литванскиот портал „Делфи“.
Во резолуцијата се наведува дека руските вооружени сили и платеници извршиле масовни воени злосторства во Украина, особено во градовите Бороѓанка, Буча, Ирпин, Гостомељ и Мариупол.