Ливерпул го враќа спортскиот директор кој ја создаде машинеријата на Клоп

од Симе Стоиков
262 прегледи

После две години, Ливерпул реши да го врати Мајкл Едвардс, 44-годишниот стручњак кој долги години успешно ја извршуваше функцијата спортски директор на „Енфилд“.

Овој пат тој ќе има уште поодговорна позиција во самата ФСГ, односно „Fenway Sports Group“, групацијата која е сопственик на Ливерпул.

Едвардс ќе биде најголемиот авторитет за креирање на спортската политика на клубот, а раководството се надева дека со неговото враќање максимално ќе ги ублажи последиците од заминувањето на Јирген Клоп, кој на лето реши да ја напушти клупата на Ливерпул.

Во текот на 11 години во Ливерпул, Едвардс создаде шампионски тим со одлична трансфер политика, а самиот Клоп призна дека токму тој го убедил да го доведе Мохамед Салах во 2017 година, иако Клоп претпочиташе други опции.

Едвардс играше за Норвич Сити како младинец, а потоа беше меѓу резервите на Питерборо Јунајтед. Тој не е во центарот на вниманието и никогаш не дава интервјуа. Тој ја изгради својата репутација додека работеше како аналитичар на перформанси под палка на Хари Реднап во Портсмут.

Слични содржини