Ливерпул му нуди нов договор на Кеита

од Vladimir Zorba
389 прегледи

Ливерпул ќе му понуди нов договор на играчот од средниот ред Наби Кеита, информира Атлетик.

На 27-годишниот репрезентативец на Гвинеја му преостануваат уште само 12 месеци од актуелниот договор, но се чини дека ќе добие понуда за нов.

Кеита се пресели во Ливерпул во летото 2018 година за сума од речиси 50 милиони фунти од германски РБ Лајпциг. Сепак, настапот на „Енфилд“ помина низ подеми и падови. Минатата сезона тој постигна само четири гола на 40 натпревари и направи три асистенции.

Со Ливерпул еднаш ја освои Лигата на шампионите, Премиер лигата, ФА Купот, Лига Купот и Светското клупско првенство.

Според медиумите во Западна Европа, интерес за Кеита има и од францускиот шампион Пари Сен Жермен.