Ливерпул, Тотенхем и Шалке земаат 3,5 милиони фунти за титулата на Сити

од Vladimir Zorba

Манчестер Сити ќе испрати речиси 3.4 милиони фунти на Ливерпул, Тотенхем и на германски Шалке 04 по освојувањето на титулата во англиската Премиер лига.

Ливерпул ќе добие 1 милион фунти како бонус од договорот меѓу двата клуба при трансферот на Рахим Стерлинг на „Етихад“ во текот на летото на 2015 година.

Тотенхем пак ќе земе 1,5 милиони фунти за слична клаузула за продажба на Кајл Вокер, а Шалке 04 заработува премија од 865 илјади фунти од трансферот на Лирој Сане.

Фудбалерите на Манчестер Сити пак ќе си поделат тимска премија од 10 милиони фунти за постигнатиот дубл во оваа сезона со титулите во англиското првенство и во Лига Купот.

Слични содржини