Љубовен хороскоп од 12-18 октомври 2015

од Vladimir Zorba
80 прегледи

Месечината ветува многу љубов и страст за претставниците на различните Хороскопски знаци. Ако барате сродна душа, имате можност да ја сретнете. Од друга страна сексуалната  енергија е на високо ниво. Позицијата на планетите ќе биде во корист на вашите односи и либидото. Го споделуваме љубовниот хороскоп за втората недела од месец октомври.0b97fdd25654043ad31284f7096948ca

Овен

Благодарение на позицијата на Месечината оваа недела, врзаните претставници на зодијачкиот знак ќе преземат сериозни чекори. Ова може да е нов бизнис потфат или промена која ќе доведе до брак или заеднички живот. За неврзаните има големи шанси да сретнат некој кој вистински  ќе им го растрепери срцето.

Бик

Неделава ќе биде повеќе од возбудлива во сексуалниот однос на биковите. Ако имате некој близок до себе, подајте се на повеќе страст. Ако правите планови за бебе, времето за зачнување е соодветно. Во случај да барате нова љубов, отворете ги срцето и очите. Можеби тој или таа се доста блиску до вас.

Близнаци

Необврзани сте? Оваа недела тоа може да се промени благодарение на Месечината, која е во вашиот сектор на вистинската љубов. Ќе имате можност да се запознаете со некој посебен, кој навистина ви го плени срцето. Важно е да бидете повеќе друштвени, за да се зголеми нивниот потенцијал за нова љубов. Ако веќе сте во врска, ќе најдете нови начини да ја поткрепите.

Рак

Ако сакате да внесете некоја промена во вашиот сексуален живот, можеда зборувате со некој близок. Тоа ќе ги натера и двајцата да се чувствувате добро. Моментот е погоден и за дискутирање на други важни прашања. Ако чувствувате какви сомнежи за вашата врска, кои ве прават повеќе ранливи, време е да ги отстраните. Во петок подајте се на повеќе романтика.

0b0420a7882c27f7e735524406c926aeЛав

Комуникацијата со партнерот ќе донесе позитивен пресврт по понеделник. Заедно, ќе бидете во можност да разговарате и дискутирате важни прашања што во последните недели не беше можно. Избегнувајте ризични инвестиции и трошоци. Следната недела ќе донесе резолуција и во таа насока за двајцата.

Девица

Со многу сексуални искуства ќе биде исполнета и неделата на Девиците. Периодот е погоден да се занесете во вашите скриени желби и да се надмината физичките граници за заедно да достигнете ново ниво на интимност. Но не само тоа, ќе го фокусирате вниманието врз заедничката иднина и тоа како да бидете навистина среќни.

Вага

Позицијата на Месечината ќе ви помогне да остварите некоја промена на личен план и партнерот ќе ви ја покаже својата поддршка. Исто така, за некои претставници на зодијачкиот знак тоа може да е нова љубов. Што се однесува до сексуалниот живот, ќе имате можност да се откриете сексуално себе и саканата.

Шкорпија

Ако се наоѓате во врска, вие и партнерот ќе почнете нов проект. Во случај да немате сериозна врска, но водите сексуална, во петокот работите можат да се променат. Важно е да немате нереални очекувања за развојот на овие односи.

c6f4b9fc7dedb5cd2cddd34d4e0b33deСтрелец

Ваш пријател ќе одигра важна улога во создавањето на нови социјални контакти и со тоа да ви помогне да сретнете нова љубов. Ако сакате партнер до себе, отворете ум за нешто ново и убаво. Ако веќе имате партнер, ќе имате можност да остварите ваши заеднички соништа.

Јарец

Љубовниот живот на Јарците ќе биде повеќе од возбудлив. Деновите се погодни за романтично патување или за планирањето на такво. Осамените ќе ја имаат поддршката на ѕвездите за нова љубов.

Водолија

Многу работи ќе се случат во втората недела од октомври помеѓу вас и партнерот, како на финансиски, така и на интимен план. Со исклучок на малите финансиски облаци, ќе имате можност да се занесете во романтика.

Риби

Љубов, секс и магија! Ова ја покажува ѕвездената карта за родените во знакот на Хороскопскиот знак Риби. Врзаните претставници ќе преземат нови и големи чекори со својата сакана. Ќе врие од енергија и желба за романтика, патувања. Изнајуживајте им се.