Меркур ќе мине ретроградно во знакот на Вага. Ова може да е причина за појава на несогласувања во љубовта. Од друга страна, некои Хороскопски знаци ќе ја откријат љубовта, ќе преземат нови сериозни чекори во партнерствата или ќе стават крај на стара врска. Го споделуваме љубовниот хороскоп за 14-20 септември 2015 година.
Овен
На првиот ден од седмицата Меркур е ретрограден во вашиот седми дом на односите. Ова може да ја спречи комуникацијата со партнерот. Бидете трпеливи и ако е потребно да поразговарате нешто или да се донесе одлука, направете го тоа заедно.
Бик
Кога станува збор за романтиката, вие имате големи надежи дека ќе заземе големо место во вашиот живот. И така ќе биде! Во оваа недела очекувајте само позитивни настани во вашиот љубовен живот. Слушнете го срцето и дејствувајте според желбите.

Фото: istock
Близнаци
Во љубовниот живот на Близнаците претстојат вселенски промени. Сатурн која е планета на одговорноста и лекциите ќе влезе во седмиот дом на партнерството и ќе се одржи на оваа позиција до 2017 година. Голем дел од врзаните Близнаци ќе преземат поголеми и значајни чекори напред во љубовта. Не заборавајте дека успешната врска бара повеќе напор.
Рак
Сатурн се движи низ вашата графика поврзана со романтиката и состанувањето. Ако сте осамени или долго време сте доживувале неуспешни врски, ве очекуваат позитивни промени. Сатурн ќе ви помогне да најдете нова љубов, но треба да се отвори срцето.
Лав
Подгответе се за сериозни лекции во секторот на романтиката. Оваа недела Сатурн ќе се пресели во вашиот љубовен сектор и ќе остане во овој дел на дијаграмот до декември 2017 година. Во тоа време ќе бидете соочени со вистински прашања поврзани со срцето, кои можеби досега биле одбегнувани.
Девица
Последните недели беа добри за Девиците во секторот на љубовта. Овие денови е можно да настанат било какви конфликти помеѓу вас и партнерот. За среќа тоа ќе биде за многу краток момент.
Вага
Бидете внимателни со зборовите и постапките. Меркур ќе биде ретрограден во вашиот знак и до 9 октомври е можно да имате тешкотии. Можно е да произлезат и некои незадоволни во секторот на партнерството. Избегнувајте ги конечните одлуки поврзани со љубовта.
Шкорпија
Време е да славите! Оваа недела Сатурн ќе го напушти вашиот знак и нема да се врати долго време. Ако досега сте чувствувале некоја тежина, работите ќе почнат да се менуваат во позитивна насока. Може да уживате во животот и љубовта. Ако барате партнер, не се сомневајте дека ќе го сретнете.
Стрелец
Сатурн ќе помине и во знакот на Хороскопскиот знак Стрелец. Ова ќе ви помогне да пораснете духовно и ќе преземете нови одговорности во личниот живот. Ќе настанат промени и е можно или да склучите брак, или вашето семејство да се зголеми со нов член. Ве очекуваат мирни и пријатни денови во секторот на љубовта.
Јарец
Неделава ќе биде малку чудна за родените во знакот на Јарец. Сатурн ќе помине низ вашата графика поврзана со несигурноста и скриени стравови. Можно е да чувствувате страв од некој неуспех и ќе ви биде потребна поддршката на својата сакана. Не бегајте од стравовите, туку споделете ги со вашата сакана, само така ќе поминете низ нив. Не заборавајте и на романтиката. Ѕвездите ќе ви ја дадат својата светлина.

Фото: istock
Водолија
Овој четврток Меркур ќе се сврти ретроградно и така ќе остане до првите денови на следниот месец. Некои од вас е можно да се вратат на старата љубов.
Други ќе ја разгорат повторно романтиката со својата сакана, а трети ќе ја преиспитаат досегашната врска и е можно да стават крај.
Риби
Сте си ги ставиле розовите очила, кога станува збор за љубовта. Копнеете да споделите романтика, фантазии и духовни или креативни активности со вашиот партнер. Дејствувајте! Споделете го сето ова со љубовта до вас, бидејќи тој или таа ќе ви ја покаже својата поддршка.

