Во последната недела од август, еден од најповолните денови за љубовта, ќе биде среда. Тогаш Сонцето и Јупитер ќе ја покажат својата моќна поддршка, која ќе донесе и повеќе хармонија во партнерствата.
Во сабота целосната Месечина ќе ги покаже своите магични способности што ќе им помогне на самохраните да ја пронајдат својата сродна душа и да ги остварат своите соништа. Од друга страна, Меркур ќе има влијание врз начинот на размислување и адаптибилноста. Што ве очекува на љубовен план? Видете во следните редови.
Овен
По четврток ќе имате голема предност во комуникацијата со својот сакан/а. Затоа, ако има важни прашања за кои сакате да разговарате, оставете ги за тогаш. Ѕвездите ќе ви помогнат да ги совладате емоциите, да ги преиспитате своите приоритети и ќе ви биде полесно да правите компромиси.
Бик
Дали сте подготвени за доза романтика? Во среда, Сонцето и Јупитер ќе се состанат во вашиот петти дом на вистинската љубов, која ќе ви донесе среќен развој на прашањата поврзани со срцето. Истовремено Меркур ќе биде во најдобар агол кон Сатурн. Кога овие две планети се во разбирање, разговорите со партнерот ќе одат хармонично.
Близнаци
Во оваа недела ќе ве возбудат прашања поврзани со партнерството. Меркур, која е вашата владејачка планета, ќе влезе во петти дом на романтиката. Подготвени сте за нова љубов, секс и ако до вас немате омилен човек, сега е моментот да го отворите својот поглед за нова љубов.
Рак
Вашата предност во љубовта во овие денови, ќе биде стилот на комуникација. Ќе се чувствувате посигурни во она што сакате да го споделите со саканиот. Разговарајте отворено, но зачувајте го добриот тон. Не заборавајте за романтиката.
Лав
Важни прашања поврзани со љубовта, ќе ги возбудат и родените под знакот на Хороскопскиот знак Лав. Ви претстои да донесете важно решение што ќе влијае на иднината со вашиот сакан човек. Планетите се позитивно распоредени, што многу ќе помогне во спроведувањето на плановите. 
Девица
Со мали чекори може да се добие многу во љубовта. Ќе се чувствувате сигурни дека ќе се постигне тоа, што ви треба во вашата врска. Размислете го добро секој ваш збор или чекор. Од тоа зависи дали ќе бидете разочарани или ќе имате среќа во љубовта.
Вага
Во последната недела од месец август, Вагите е добро да се држат настрана од конфликтите, особено кога станува збор за љубовта. Напнатите ситуации ќе ве натераат да се чувствувате немоќни. Ако некако се чувствувате притиснати од партнерот, дајте си малку време во кое вие ќе имате можност да го преиспитате односот и да се релаксирате. На крајот на неделава ќе имате добри можности за пеглање на несогласувањата.
Шкорпија
Неделава ќе биде романтична и посебна за вас. Ако сте осамени во љубовта, има големи шанси за нови познанства, но бидете друштвени. Ако веќе сте во сериозна врска или неврзана, ќе се чувствувате како да сте пронашле сродна душа.
Стрелец
Омилениот човек има потреба од вашата поддршка, за да успее во своите потфати. Ќе имате време и да разговарате за прашања поврзани со домот. Ѕвездите ви ја даваат својата поддршка, па не заборавајте и за романтичните моменти.
Јарец
За оние од вас кои имаат близок до себе, претстојат убави денови. Последната недела од август ќе ве запре и пред решавањето на семејни прашања поврзани со ваши роднини. Партнерот ќе пројави разбирање и ќе ви ја покаже својата поддршка. Ако сè уште барате сродни душа, размислете дали барањата за избор на партнер, не се премногу високи.
Водолија
Хармонија ќе има и во љубовниот живот на Водолиите. Таа ќе дојде не само од добрата комуникација помеѓу вас, но од прашање поврзано со финансиите. Ќе добиете средства или ќе направите инвестиција со партнерот.
Риби
Јупитер ве тера да се чувствувате на седмо небо од среќа. Во среда, Сонцето и Јупитер ќе се состанат во 7-миот дом на партнерството. Омилениот човек ќе ве поддржува, а вашите соништа поврзани со љубовта и перспективите во неа, ќе почнат да стануваат реалност.