Љубовен хороскоп од 3 до 9 август

од Vladimir Zorba
66 прегледи

Венера сè уште продолжува да се движи ретроградно. Љубов од минатото, нови односи и важни лекции, носат планетите во секторот на љубовта. Што ве очекува во првата недела од август, видете во следните редови.418606cd492d4f1293fd69ab72b4d1df

Овен
Интересна ќе биде првата недела на месец август за родените во знакот на Овен. Љубов од минатото ќе ве потсети за себе. Тоа тотално ќе го збуни умот и срцето. Спомените за стари задоволства ќе ја прикријат реалноста. За среќа, по саботата Марс ќе ви ја покаже потребната поддршка и вие ќе можете да ги донесете адекватните решенија за вашиот љубовен живот.

Бик
За оние од вас кои се наоѓаат во врска, новиот месец започнува со компромиси во однос на љубовта. Ако сакате да ги задржите сегашните односи, ќе треба да направите голем број жртви. Дали вреди жртвата во името на љубовта и овој партнер? Само најреалната проценка ќе ви даде точен одговор.

Близнаци
Динамиката во канцеларија нема да ви остави време да уживате во романтиката и саканиот или барем до среда. И покрај неодложните обврски, обидете се да не го игнорирате партнерот. Тој ќе го покаже потребното разбирање. Ако ја барате својата сродна душа, месецот ветува нови љубовни немири.

Рак
Не заборавајте да ги искористите максимално од последните денови на Марс во вашиот знак. Во четврток Марс ќе биде во совршен агол кон Сатурн која ќе ве натера да се чувствувате повеќе од сигурни во она што сакате да го постигнете во љубовта. Сега имате шанса да изградите една убава љубовна врска.

Лав
Венера продолжува да се движи ретроградно во вашиот знак, но тоа ќе биде до сабота, кога Марс ќе го покаже своето влијание и вие ќе излезете од сенката. Ако досега сте чувствувале тешкотии во љубовта, ќе имате можност да ги направите саканите промени.fe3fd68c57ee1216dd0de5d80217b79a

Девица
Љубовниот живот на Девиците е на пат да се подобри или барем за оние кои имале конфликт со својот сакан во последните неколку недели. Размислете за опцијата брачен советник. По петок комуникацијата помеѓу вас и вашиот партнер ќе се подобри значително благодарение на Меркур, кој влегува во знакот на Девица.

Вага
Пријателство и секс. Пред овој предизвик ќе се соочат многу Ваги оваа недела. Дали да се впуштат во оваа авантура? Дилема која треба да се реши на разумен начин за да не бидете разочарани, не затоа што недостасуваат чувства од двете страни, туку можеби затоа што има околности кои го спречуваат или барем во оваа фаза.

Шкорпија
Ако се наоѓате во врска може да се чувствувате како љубовта да го изгубила својот сјај. Има конфузија на мисли, чувства и желби. Може да се поправи ситуацијата, ако добро се разгледаат односите и се разбира ако најдете добра комуникација со партнерот.

Стрелец
Ќе ве возбудат прашања поврзани со кариерата и ќе ви требаат советите на саканата. Ќе почувствувате не само поддршка од страна на љубениот, но во неговото лице ќе најдете и добар советник. Иако може да има моменти на несогласувања, таа реинвенција ќе продлабочи љубовта.

Јарец
Во оваа недела ќе ве возбудат финансиски прашања. Можно е да се појавуваат несогласувања во однос на заедничкиот буџет и парите што сакате да се инвестираат. Размислете ги добро одлуките и не дозволувајте овие грижи да ја упропастат романтиката.

Водолија
Ако сте започнале нова љубовна врска, во вторник ќе почувствувате наплив на љубов, позитивна енергија и желба за нови возбудливи моменти. Можно е да поразговарате и важни прашања. Воопшто седмицата почнува динамички за вас во љубовта. Сите овие ваши чувства ќе ви помогнат да ги подобрите односите со љубениот.

Риби
Ако немате партнер до себе, тогаш оваа недела имате реални шанси да ја сретнете љубовта. Тој ќе се покаже не само како различен од вас, но и доста интересна личност. Во случај да веќе имате некој близок, по петок комуникацијата меѓу вас ќе се подобри значително.