Во втората недела од јуни, Меркур ќе помогне за подобрување на комуникацијата меѓу партнерите во љубовта. Ќе имате можност да внесете позитивни промени во љубовниот живот. Оние од вас кои бараат партнер, имаат шанса да го сретнат.
Овен
Во следните денови врзаните ќе треба да обрнат повеќе внимание на партнерот. Тој или таа ќе има потреба од вашето внимание и е многу веројатно да поразговарате за важни и итни прашања поврзани со финансиите. Бидете трпеливи и не ги игнорирајте.
Бик
Токму кога мислите дека контролирате сѐ во вашиот живот, излегува дека универзумот има други планови. Оваа недела планетата на посветеност и ограничување – Сатурн, ќе навлезе во секторот на партнерствата. Од тој момент до 17 септември, од вас ќе зависи да определите колку далеку сакате да стигнете во врската. Оние од вас кои немаат партнер, да се подготвуваат за позитивни промени во љубовта.
Близнаци
Изгрева сонце во љубовниот живот на Близнаците. Овој четврток Меркур, кој е вашиот владејачка планета, ќе се обрати, откако бил ретрограден во вашиот знак во последните неколку недели.
Можеби сте забележале дека комуникацијата меѓу вас и вашата сакана не одеше особено непречено. Сега настапува период кој ќе биде поволен во однос на љубовта. Ако сте во потрага по партнер, има шанса да започнете нова и возбудлива врска.
Рак
Ќе се фокусирате на она што го сака срцето во секторот на љубовта. Во неделата Сатурн ќе се обрне позитивно кон вас и тоа може да создаде предуслови за една вистинска љубов. Минатата година беше тест за многу Ракови во однос на љубовта. Не заборавајте за лекциите кои сте ги научиле, кога станува збор за романса. Размислете и дали вреди да го откриете срцето.
Лав
За некои од Лавовите претстои интересна недела. Можно е да започнете нова секс врска со некој со кој неодамна сте се запознале. Од друга страна е можно да добивате мешани пораки од субјект кој ги превзел вашите емоции и мисли.
Девица
Девицата ќе посвети повеќе време на работа отколку на љубовта. Сепак ќе треба поддршката и разбирањето на партнерот. За ваша среќа саканиот човек ќе го манифестира потребното трпение и разбирање.
Вага
Вие и вашиот партнер може да започнете возбудлива нова авантура заедно оваа недела, како патувате, со заедничко учество во иницијативата. Исто така во овие денови ѕвездите се добро позиционирани што ви дава и предност во организирањето на романтични изненадувања. Искористете ги!
Шкорпија
За голем дел од Скорпионите настапува пресврт во љубовниот живот . Излегува дека веќе сте подготвени да превземете нова лична одговорност и тоа директно да влијае љубовниот живот. Ако се наоѓате во врска ќе почувствувате дека човекот до вас има потреба од вашата трајна поддршка.
Стрелец
Во последните неколку недели Меркур е ретрограден во секторот на односите. Можно е да се случат конфликтни ситуации помеѓу вас и вашата сакана и тоа да ве изневери. По оваа недела позитивното дружење ќе продолжи.
Јарец
Неделата е идеална за воведувањето на мали промени во начинот на исхрана и воопшто за подобрување на здравствената состојба. Ако во изминатите денови сте чувствувале пад на либидото, обрнете внимание на здравјето. Одморајте повеќе поткаснувајќи здраво. Тоа сигурно ќе се одрази позитивно на сексуалниот живот.
Водолија
Кај некои Водолии ќе настапи блага конфузија во секторот на љубовта. Можно е да се појави стара љубов, која сака да добие втора шанса од вас. Ова ќе ве натера да го премислите минатото. До четврток не носете решение.
Риби
Ќе настапат познати промени во љубовниот живот и на Рибите. Можно е да се добие предлог за посериозни перспективи. Размислете добро и излезете од нереалните фантазии во кои често пливате.