Експерт за говор на телото тврди дека во врската помеѓу Памела Андерсон и Лијам Нисон не забележува клучни знаци што би укажувале на љубовна врска.
Памела Андерсон и Лијам Нисон го привлекуваат вниманието на јавноста со своите заеднички настапи во последните недели, но експерт за говор на телото тврди дека можеби нема вистинска романса зад нивните насмеани пози.
Славниот дуо глуми во новиот филм од серијалот „Гол пиштол“, а за време на промотивната турнеја често се појавуваа прегрнувајќи се, разменувајќи бакнежи на црвениот тепих и шегувајќи се во телевизиските емисии. Сето ова ги поттикна гласините дека нивната хемија се прелеала надвор од филмскиот сет.
Сепак, експертот за говор на телото Дарен Стентон, кој ги анализираше нивните јавни настапи, верува дека ова е внимателно испланирана промоција.
„Лично, не верувам дека ова е вистинска врска. Сè изгледа како нешто дизајнирано за публицитет и промоција на филмот. Кога го гледам нивниот говор на телото, не ги гледам клучните знаци на она што го нарекуваме меѓусебна привлечност или реципрочна наклонетост на романтично ниво“, изјави Стентон за „PureWow“.
Тој додава дека Нисон е познат по сериозни улоги, а соработката со Андерсон во комедија би можела да биде дел од добро осмислена стратегија публиката да го прифати во различен жанр.
„Нивната меѓусебна комуникација изгледа некако инсценирана, нема продолжен контакт со очите повеќе од десет секунди, а ова често е силен показател за вистинска романтична врска“, истакнал тој.
Иако не исклучува дека меѓу нив постои добра енергија, Стентон верува дека тоа произлегува од професионална врска.
„Тие очигледно добро се сложуваат и развиле силна хемија на снимањето, но не мислам дека тука има подлабока романса“, заклучил експертот.