Љубовницата на принцот Алберт објави заедничка семејна фотографија

од Vladimir Zorba
367 прегледи

Вонбрачниот син на принцот Алберт во петокот го прослави својот 20-ти роденден, а роденденот го прослави со семејството. Роденденската прослава се одржа во интимен амбиент, а околу масата се собраа важни луѓе за роденденското момче Александар Грималди.

Фотографијата ја објави Никол Кост во петокот, а со објавувањето покажа дека таа и принцот Алберт се во добри односи бидејќи на фотографијата седат насмеани и видно расположени. Дополнително, тоа е важна порака за сите родители кои не се во брак и заедно одгледуваат деца.

„Татко ми е во моето срце исто колку и мајка ми. Двајцата се грижливи родители, јас сум многу среќен“, изјави роденденското момче неколку дена пред неговиот роденден, откривајќи дека во неговото воспитување бил вклучен и принцот Алберт.

Сите гости се собраа околу прекрасно украсената маса, а принцот Алберт од Монако седна до својот најстар син на едната страна, додека Никол беше ставена на неговата лева страна. На масата седеше и Јазмин Грејс Грималди, полусестрата на Александар чии родители се принцот Алберт и Американката Тамара Ротоло.

65-годишниот принц Алберт присуствуваше на роденденската забава на својот првороден син пред две години кога му се придружи во ноќниот клуб Jimmy’z за да го прослави неговиот 18-ти роденден.

Слични содржини