Во светот има чудни и неприфатливи за нас обичаи, вклучувајќи ги и оние поврзани со љубовта и сексуалниот живот.
Еве некои од нив, кои директно ја шокираат западната цивилизација.
Секс колибка за 15-годишната ќерка
Во Камбоџа има племе што се нарекува Креунг. Кога девојките ќе наполнат 15 години, родителите ги праќаат да бараат момчиња. И тоа се прави на премногу необичен начин. Главата на семејството своерачно прави мала бамбусова колибка за ќерка си, каде што таа може да си ги води момчиња и да води љубов со нив.
Браќа како партнери
Во Непал пак цвета полиандрија- ретка форма на полигамија, каде што жената има неколку брачни врски со неколку мажи. При тоа правилото е жените да се мажат за неколку родени браќа. Ова им овозможува да не се дели земјата и стопанството меѓу мажите, што е многу погодно за нивните родители и профитабилно од економска гледна точка. Покрај тоа неколку мажи подобро се грижат и го обезбедуваат семејството.
Ноќ на измените
Индонезијците 7 пати во годината слават “Пон”. Ова се случува на света планина на островот Јава. За да постигнат среќа и да се стекнат со богатство учесниците во свеченостите имаат секс не со своите мажи и жени, туку со целосно непознати лица.
Женски егзибиционизам
На жените од островот Бугенвил срамот воопшто не им е познат. Тие го демонстрираат својот интерес кон мажите, со тоа што се соблекуваат. Според локалните обичаи овој гест е сигнал до избраникот дека жената сака да воспостави со него “посебни односи”.
Секс учителка
Кога момчињата на островот Мангаиа ќе достигнат 13-годишна возраст, тие почнуваат да бараат секс учителка меѓу зрелите жени. Избраничката го обучува младиот на сите тајни и разбирање, за да се научи детето како во иднина да ја задоволува жена си.
Секс со сведоци
Првата брачна ноќ на младоженците од колумбискиот град Кали задолжително треба да се води пред очите на мајката на младоженецот. Според локалниот обичај на тој начин мајката ја игра улогата на официјален сведок или на кумот за склучениот брак. А на Маркизските острови во Пацификот првата брачна ноќ се следи од страна на деца. Да се учат …