Љупчо Палевски – Палчо вечерва слетува во Македонија: Ќе биде пренесен во Шутка

од Илинка Илиоска
1,4K прегледи

Љупчо Палевски – Палчо вечерва ќе биде екстрадиран од Турција со редовен лет од Истанбул. Се очекува да пристигне на скопскиот аеродром во 19:30 часот, неофицијално дознава Локално.

Тој веднаш ќе биде спроведен во Истражниот затвор Скопје во Шуто Оризари, по што на сила ќе стапи мерката од 30 дневен притвор.

Палевски, наводно заради лекарски преглед, додека траеше потрагата за 14-годишната Вања Ѓорчевска и истрагата за убиството на 74-годишниот Панче Жежовски првично избега во Србија, па преку Бугарија стигна во Турција.

Тамошната полиција го уапси во градот Баликесир на 6 декември.

Ѓорчевска била грабната на излегување од дома, во влезот на зградата и со врзани раце и нозе, била ставена во гепек во вреќа за спиење.  Девојчето било киднапирано со цел да се изнудат пари од нејзината мајка, а набрзо потоа била убиена со пиштол.

 

 

 

Слични содржини