Референдумот за влез на самопрогласената Народна Република Доњецк во Русија ќе се одржи од 23 до 27 септември, соопшти денеска лидерот на ДНР, Денис Пушилин.
Според соопштението за печатот на движењето „Доњецка Република“, пратениците на Народниот совет на ДНР го усвоија законот за референдум за присоединување на републиката кон Русија, пренесе РИА Новости.
Вчера, јавните комори на ЛНР и ДНР се обратија до лидерите на тие самопрогласени републики, Леонид Пашечник и Денис Пушилин, со иницијатива за итно одржување референдуми за влез на ЛНР и ДНР во Русија.