ЛНР: Неколку десетици цивили ја напуштија фабриката „Азот“

од Stefanija Kuzmanovska
251 прегледи

Во изминатите неколку дена неколку десетици цивили ги напуштија просториите на хемиската фабрика „Азот“ во Северодоњецк, но тоа не е резултат на договор со украинските сили кои се кријат таму, изјави денеска амбасадорот на самопрогласената Луганска Народна Република (ЛНР) во Русија, Родион Мирошник.

„Во изминатите неколку дена, луѓето излегоа неколку пати сами, бидејќи обрачот се стегна околу милитантите“, рече Мирошник, пренесува ТАСС.

Амбасадорот на самопрогласената Луганска народна република во Русија објасни дека цивилите погледнале надвор, низ фабриката и виделе дека е можно да се излезе од неа, но и посочи дека тоа не е во рамките на договорот со украинската страна.

Слични содржини