337
Амбасадорот на самопрогласената Луганска народна република во Русија, Родион Мирошник, најави дека украинските сили денеска се обидуваат да спречат евакуација на цивили од фабриката „Азот“ во регионот на Северодоњецк, со гранатирање со минофрлачи и тенкови, пренесува РИА Новости.
„Во Азот милитантите се обидуваат да ја попречат евакуацијата! Од територијата на фабриката милитантите почнаа да гранатираат со минофрлачи и тенкови“, напиша Мирошник на својот канал на Телеграм.
Според функционерот на Народната милиција на Народноослободителната војска, никој од цивилите не ја напуштил оваа фабрика до 11:30 часот.