Министерот за правда, Кренар Лога оствари средба со неговата колешката од Република Косово, министерката за правда, Албулена Хаџиу.
Тие на средбата разговарале за заедничката визија, заедничките вредности и заедничките предизвици со кои се соочуваат земјите.
„Република Северна Македонија и Република Косово имаат многу позитивни искуства кои може да ги споделат за успешно чекорење кон европскиот пат. Ние сме чекор пред отварање на преговорите со Европската Унија, и бележиме напредок во многу области, што претставува корисно искуство за Косово. Тој додаде дека „Република Косово е успешна приказна и пример за регионот во сферата на дигитализација на правосодниот систем, процес кој е приоритет и за нашата земја“, напиша Лога на својот фејсбук-профил.