Лога оствари средба во Собрание со координаторите на пратеничките групи

од Nikola Popovski
95 прегледи

Министерот за правда Кренар Лога оствари средба со координаторите на пратеничките групи во Собрание. Средбата помина во конструктивна атмосфера. Министерот Лога ги информираше претставниците на ВМРО ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и Алијанса на Албанците за работната група за изборни реформи, потребата од имплементирање на препораките на ОБСЕ/ОДИХР во Изборниот законик како и иницијативата за нов Изборен Законик.

Се дискутираше и за законодавната агенда, законите кои се предложени од Министерството за правда како и можностите за нивно побрзо усвојување во Парламентот. Договорено е вакви средби во Собранието да се одржат и во наредниот период а соработката со пратениците да се интензивира.

Слични содржини