Во Бол на Брач утринава околу 5 часот и 40 минути избувнал пожар кај „Белата куќа“, кој сега е речиси изгаснат, пишува Слободна Далмација.
Според зборовите на вработените во Доброволното противпожарно друштво „Бол“, пожарот избувнал на покривот на зданието, некогаш еден од најпознатите хотели во тоа туристичко место, кој сега е запуштен.
Сите локални пожарникари се на терен.
Големите пламени јазици се изгаснати, но пожарот се уште тлее на покривот на зградата, па се уште е многу опасен, па затоа треба да се внимава пожарот да не се прошири на боровите кои го опкружуваат хотелот.
Засега не дува ветер, мирно е, но бидејќи Бол има специфична микроклима затоа што во текот на попладневните часови често се „појавува ветер“, има мерки на претпазливост, велат пожарникарите на кои им помогнале други колеги од Брач.
– Бидејќи зградата е опкружена со зеленило, потребно е покривот да биде што подобро натопен и да нема повеќе чад – велат од единицата „Бол“.
Точната причина за пожарот ќе ја утврдат инспекторите по целосно смирување на ситуацијата.