Пред два дена полицијата ја прекина службата на Велики петок пред прославата на Велигден според Грегоријанскиот календар во полска црква во јужниот дел на Лондон поради кршење на правилата за коронавирусот и им се закани на верниците со парични казни во износот од 200 фунти.
На снимката се гледаат полицајци кои во петокот околу 18 часот прекинале миса во полската црква Христос кралот во Балхам, објави денес „Скај њуз“.
Еден полицаец беше снимен како им кажува на парохијаните дека собирот за жал бил нелегален според прописите за коронавирус.
„Мора да одите дома во овој момент. Ако не одите дома, може да бидете казнети со 200 фунти или ако не ги дадете вашите информации, можеме да ве уапсиме“, рече полицаецот.
Црквата ја критикуваше полицијата за прекинување на службата, велејќи дека смета дека полицајците брутално ги надминале своите овластувања со издавање наредби без оправдана причина, бидејќи биле исполнети сите барања на владата, пренесува Танјуг.