Британското Министерство за одбрана денеска предупреди дека најверојатно Русија како што ќе трпи воени порази ќе ги интензивира нападите врз цивилни цели.
Според Лондон, Русија изминатите седум дена ги интензивира нападите врз цивилната инфраструктура, дури и во местата каде тоа нема некое воено значење.
„Бидејќи се соочува со порази на фронтот, Русија најверојатно ќе го прошири бројот на локации на кои е подготвена да ги нападне цивилите во обид директно да го поткопа моралот на украинскиот народ и Влада“, се наведува во соопштението на британското министерство за одбрана.