246
Портпаролот на британското министерство за надворешни работи вечерва изјави дека Русија нема морално право да биде на самитот на Г20 се додека трае нејзината инвазија на Украина.
Самитот на Г-20 ќе се одржи во Индонезија во ноември.
„Ги поздравуваме напорите на Индонезија, која сака на состанокот на Г-20 да се разговара за влијанието на руската војна, како и предлогот Украина да биде претставена на самитот од претседателот Владимир Зеленски“, додаде портпаролот, пренесе „Ројтерс“.