Лондон: За два часа, девет лица прободени со нож, едно лице почина

од Vladimir Zorba
153 прегледи

Еден човек почина, а девет лица се прободени со нож во серија инциденти што се случија во населбата Кројдон во Лондон.

Полицијата добила повици за напади во јужен Лондон во петокот од 18:56 до 21:12 часот.

Две лица се уапсени, а полицијата верува дека инцидентите не се поврзани и детективите напорно работат на овие случаи.

Покрај еден починат, „Дејли мирор“ наведува дека друго лице претрпело повреди опасни по живот, додека состојбата на преостанатите осум повредени не е позната.