Владата на Велика Британија објави дека замрзнала руски имот во вредност од 20,5 милијарди долари врз основа на санкциите воведени поради инвазијата на Москва на Украина.
Во прашање се имотите на руските олигарси и други физички и правни лица кои, според мислењето на владата на Велика Британија, се поврзани со режимот во Русија, пренесува „Ројтерс“.
Засега Велика Британија воведе санкции против повеќе од 1.200 физички и над 120 правни лица, а на списокот има многу влијателни бизнисмени и компании, но и истакнати политичари.