Лопетеги: Јас решив за Рамос, можеме и без него

од Vlatko K
81 прегледи

Тренерот на Реал Мадрид, Хулен Лопетеги одби да прави драма од отсуството на капитенот Серхио Рамос, кој ќе го пропушти денешниот дуел со ЦСКА Москва во Лигата на шампионите и остана во шпанската престолнина.

„Ова е моја одлука. Тој одигра 125 минути повеќе од останатите, па решив да му дадам пауза. Просто доаѓа момент, кога треба да се одмориш, за да можеш да играш на други дуели. Неговите мускули ќе му се заблагодарат за оваа пауза. Но, можеме да се справиме без него“, рече Лопетеги, очекувајќи тежок натпревар.

„Идејата е да играме најдобро што можеме и да победиме. Атмосферата тука ќе биде одлична. ЦСКА е солиден тим и, како домаќин, може да игра многу силно. Кога ќе се огласи химната на Лигата на Шампионите ќе биде доволна мотивација за нас“, додаде тој.

„Предизвикот е сериозен, но имаме можност да се подобриме ако ја надмине тешката ситуација. Во дербито со Атлетико во текот на натпреварот заигравме подобро и сега целта е исто да бидеме на ниво и да создадеме што е можно повеќе шанси. Ние сме 100% фокусирани на победата“, рече Лопетеги.

Слични содржини