Тензиите кон тренерот на Реал Мадрид, Хулен Лопетеги се зголемуваат се повеќе, а по поразот синоќа од Алавеш со 0:1, тренерот влезе во „лошо друштво“.
Ова беше 4-тиот по ред натпревар во кој „белите“ не успеаја да постигнат гол, а сушата веќе достигна 6 часа и 49 минути, откако не успеја да ја затресат мрежата и против Севиља, Атлетико и ЦСКА Москва.
Во историјата на Реал, ова се има случено само два пати претходно. Во 1982-та, кога Вујадин Бошков е отпуштен 11 дена подоцна и во 1985-та, кога Амансио ја губи функцијата веднаш.
По натпреварот минатата ноќ, Лопети не беше задоволен.
„Поразот е преголема казна за нашата изведба. Точно е дека повредите на Бензема и Бејл, кои се важни играчи, покажаа негативно влијание. Ова е тежок момент, и јас носам најголема одговорност“, рече стратегот.
„Нашиот став кон играта беше добар, но за жал работите не завршија добро повторно. Можам да им кажам на навивачите дека овие момци работеа како ѕверови во изминатите три месеци. Секако дека сме разочарани, но сепак заостанување од евентуални 3 поени до лидерот не е толку сериозно. Но, ние треба брзо да се кренеме“, додаде тој.