Лореал прикажа паметен селотејп

од Vladimir Zorba
88 прегледи

Козметичкиот гигант “Л’Ореал” покажа паметен селотејп, која ни алармира кога нашата кожа е изложена на штетното UV зрачење.4579832

Производот ќе биде дистрибуиран бесплатно во 16 земји ова лето, соопштува Би-Би-Си. Лепенката ќе има специјално боење што ќе се менува при изложеност на опасни зраци. За целта сепак носителите ќе треба да направат фотографија со смартфонот и да ја прикачат во специјална апликација која потоа ќе покаже дали кожата е загрозена.

Производот на “Л’Ореал” беше претставен на технолошкиот саем CES во Лас Вегас. Тој не е единствен од ваков вид, но досегашните UV лепенки се боеја само еднаш при вонредно осветлување, по што се трошеа. “My UV Patch” (англ. – “Мојот У-Ве селотејп”) ќе издржи 5 дена и може да се носи насекаде по телото.